Иако се нудат различни дефиниции за жанрот „психолошки трилер“, не постои универзално прифатен пакет упатства. Во принцип, психолошките трилери ги интегрираат личните елементи на карактерот на мистериите и во суштина ја истегнуваат линијата помеѓу драматичната студија за карактерите и структурата на заговор што би ја очекувале од детективскиот филм.

Имајќи го ова предвид, што мислите, кои се најдобрите психолошки трилер филмови? Може ли некои да се сметаат за најдобри трилер филмови досега? Голем дел од обожавателите мислат дека може, затоа ви ја претставуваме листата од најдобрите 20 психолошки трилери на сите времиња. Дали вие би додале некој?

20. Исконски страв

Primal Fear е американски трилер, заснован на романот на Вилијам Диел во 1993 година со исто име и режиран од Грегори Хобит. Филмот ја раскажува приказната за бранителот на Чикаго, кој верува дека неговиот клиент не е виновен за ставање крај на животот на влијателниот католички архиепископ.

19. Фатална привлечност

Ден Галагер е успешен њујоршки адвокат со убава сопруга, Бет, и со 6-годишна ќерка, Елен. Кога Бет и Елен заминуваат од градот преку викенд, Ден се впушта во еротска врска со Алекс Форест, жена која тукушто ја сретнал. Таа работи во една од агенциите кои му се клиенти на Ден. За Ден тоа е само еднократно, но Алекс има повеќе на ум, што јасно го соопштува пред крајот на викендот.

18. Нема земја за старци

Нема земја за старци е филм од 2007 година режиран од браќата Џоел Коен и Итан Коен. Во филмот се зборува за пропадната зделка со дрога, по што следи игра на мачка и глушец помеѓу тројца мажи, кои меѓусебно се пресретнуваат во пустината во Западен Тексас во 1980-те години.

17. Исчезната

Исчезната е американски психолошки трилер од 2014 година, режиран од Дејвид Финчер. Сценариото на Џилијан Флин било базирано на нејзиниот истоимен роман. Брачниот пар њујоршки писатели, Ејми (Розамунд Пајк) и Ник (Бен Афлек) е приморан да се пресели во мал град во Мисури поради финансиската криза и поради болеста на мајката на Ник. Од хармоничен и среќен пар, тие стануваат несреќни и оттуѓени. На денот на нивната петгодишнина, Ник се враќа дома и затекнува превртена маса и неред во дневната соба, кој укажува на знаци на борба. Тој сфаќа дека неговата жена е исчезната и ја известува полицијата. Набрзо неговите лаги, измами и чудно однесување ги принудуваат сите да си го постават истото мрачно прашање: дали Ник ја убил жена си?

16. Играта

Николас Ван Ортон, богатинвестициски банкар, е отуѓен и од неговата поранешна сопруга и од неговиот помал брат Конрад. Тој е прогонуван од тоа што го видел неговиот татко како се самоубива на 48-тиот роденден. За свој 48 роденден, Конрад му го претставува на Николас необичен подарок – ваучер за „игра“ што ја нуди компанијата наречена Услуги за рекреација на потрошувачи. Конрад ветува дека тоа ќе му го промени животот.

15. Таксист

Таксист (1976) е психолошки трилер/драмски филм режиран од Мартин Скорсезе и напишан од Пол Шредер. Дејството е поставено во поствиетнамската ера во Њујорк, а главната улога ја има Роберт Де Ниро како Травис Бикл, осамен, изолиран таксист, Сибил Шепард како жената која тој се обидува романтично да ја освои, Џоди Фостер како дванаесетгодишна проститука која тој се обидува да ја спаси и Харли Кител во улогата на Спорт, макро.

14. Вертиго

Вертиго (англиски: Vertigo) – американски филм од 1958 година, во режија на Алфред Хичкок. Џон „Скоти“ Фергусон (го игра Стјуарт) е полициски инспектор, кој за време на една акција виси на работ од една зграда, а полицаецот што сака да го спаси паѓа од зградата. Џон страда од акрофобија и вертиго и поради тоа ја напушта работата во полицијата. Еден ден, нему му се јавува пријателот Гавин Елстер (го игра Хелмор) со молба да ја следи неговата сопруга Медлин (ја игра Новак) за која тврди дека е опседната од некоја личност која живеела во минатото. Заинтригиран до необичната приказна, Џон почнува да ја следи Медлин и ги открива дека таа го посетува гробот на една жена која умрела пред 100 години, дека посетува еден хотел кој во минатото бил дом на мртвата жена и дека често го набљудува нејзиниот портрет во уметничката галерија.

13. Американски психо

American Psycho е американски нео-ноар сатиричен психолошки хорор филм од 2000 година во режија на Мери Херон, заснована врз романот од 1991 година од Брет Истон Елис. Богатиот извршен директор за инвестиции во Њујорк, Патрик Батеман (Кристијан Бејл) го крие своето алтернативно психопатско его од своите соработници и пријатели, додека се навлегува подлабоко во неговите насилни, хедонистички фантазии.

12. Заден прозорец

Заден прозорец (англиски: Rear Window) – американски филм од 1954 година, во режија на Алфред Хичкок. Сценариото за филмот го напишал Џон Мајкл Хејс, според расказот на Корнел Вулрич. Фотографот Л.Б. Џеферис – „Џеф“ (го игра Џејмс Стјуарт) мора да мирува откако ја скршил ногата кога фотографирал несреќа на тркачка патека. Тој го поминува времето така што ги набљудува соседите гледајќи низ прозорецот. Редовно го посетуваат неговата девојка Лиза Фремонт (ја игра Грејс Кели) и медицинската сестра Стела (ја игра Телма Ритер). Стела се обидува да го убеди Џеф да се ожени за Лиза, но тој се двоуми. Во еден од соседните станови живее средовечен маж, Ларс Торвалд, со својата болна жена која лежи во постелата. Еден ден, Џеф слуша како една жена извикува „Немој!“ и потоа слуша кршење на стакло.

11. Мизерија

Мизерија е американски психолошки хорор филм во 1990 година, во режија на Роб Рајнер, базиран на романот на Стивен Кинг од 1987 година со исто име. Познатиот романсиер Пол Шелдон е автор на успешна серија на викторијански романтични романи со лик по име Мизери Частин. Сакајќи да се фокусира на посериозни приказни, тој пишува ракопис за нов роман за кој се надева дека ќе ја започне својата пост-мизерна кариера. Додека патувал од Сребрен Крик, Колорадо до неговиот дом во Њујорк, Пол е заробен во бура и неговата кола излетува од патот а тој се онесвестува. Медицинска сестра по име Ени Вилкс го наоѓа Пол и го носи во нејзиниот далечен дом.

10. Почеток

Почеток (Inception) е научно-фантастичен филм од 2010 година, во режија на Кристофер Нолан. Дом Каб (Леонардо ди Каприо) и неговиот партнер Артур (Џозеф Гордон-Левит) работат илегално деловна шпионажа со тоа што влегуваат во потсвеста на жртвата преку контролиран сон. Користат техника „сон во сон“, преку која успешно ја добиваат бараната информација. И двајцата користат `тотем`, а тоа е мал предмет, чие „однесување“ му е познато само на оној што го има. Преку тотемот може да откријат дали можеби тие се наоѓаат во туѓ сон или се во реалноста.

9. Дежурни виновници

Криминалец, Дин Китон, лежи тешко ранет на бродот закотвен во заливот Сан Педро. Соочен е со една мистериозна фигура која ја нарекува „Кејсер“, која пука во него и го запалува бродот. Следниот ден, полицијата пронаоѓа дваесет и седум тела и само двајца преживеани: Аркош Коваш, унгарски мафијаш хоспитализиран со тешки изгореници и Роџер „Вербал“ Кинт, уметник со церебрална парализа. Американскиот царински агент Дејв Кујан лета од Њујорк за да го испрашува Вербал.

8. Боречки клуб

Боречки клуб (англиски: Fight Club) e американска играна филмска адаптација од 1999 на истоимениот роман од 1996 на Чак Паленик. Еден неименуван човек, односно Нараторот, работи како специјалист за отповикување на патници и страда од несоница. Тој се обидува да добие лекарска помош за својата несоница, но лекарот му препорачува да посетува т.н групи за поддршка за луѓе што страдаат од рак на тестисите, за да се справи со својата несоница. Тој успешно се справува со својата несоница и решава да посети повеќе групи за поддршка. Се оди во ред за него се додека не здогледа уште еден измамник како него, Марла Сингер, нејзиното присуство го вознемирува и затоа преговара со неа за да избегнат присуство во истите групи.

7. Мементо

Мементо (англиски: Memento) е американски филм (мистериозен трилер) од 2000 година во режија на Кристофер Нолан, а базиран на расказ на неговиот брат Џонатан, со наслов „Мементо мори“. Филмот го следи светот на Леонард Шелби, кој се здобил со тешка повреда на главата при обидот да ја спаси сопругата си од убиство, што резултирало со појава на антероградна амнезија. Поради тоа, Леонард не може да создава нови сеќавања, а на единственото нешто на што се сеќава е на настаните непосредно пред повредата. Настојувајќи да ги запомни актуелните настани, тој чува белешки, вади фотографии, а на себе ги тетовира најважните факти кои мора да ги знае. Целта на Леонард е да се одмазди на човекот кој ја силувал и убил неговата сопруга и затоа ги бележи сите податоци кои би можеле да го доведат до него.

6. Сјаење

Џек Торенс (го игра Николсон), писател и поранешен учител, добива работа во еден хотел во близината на Денвер, како чувар за време на зимската сезона, кога хотелот е затворен. Притоа, хотелот е на лош глас поради еден дамнешен настан, кога тогашниот чувар го масакрирал неговото семејство. Неговиот син Дени (го игра Лојд) има парапсихолошки способности: страда од синдромот на двоен идентитет и има необични визии. Пред да настапи зимата, Торенс, неговата сопруга Венди (ја игра Дувал) и Дени се сместуваат во хотелот, каде што живеат потполно сами, но набргу, целиот крај го зафаќа голема снежна бура и тричленото семејство останува отсечено. Постепено, Џек го зафаќа депресија и нему почнуваат да му се причинуваат некои ликови кои порано работеле во хотелот. Истовремено, на Дени постојано му се прикажуваат привиденија на двете близначки кои ги убил поранешниот чувар на хотелот.

5. Психо

Психо е американски трилер/хорор филм, еден од најпознатите на британскиот режисер Алфред Хичкок. Снимен е во црно-бела техника според истоимената новела на Роберт Блок од 1959 во која се опишува животот на Ед Ген, убиецот од Висконсин. Мерион Крејн (Џенет Ли), вработена во агенција за недвижности во Феникс зема 40.000 долари од клиент и наместо да ги пријави во банка, со своето возило се упатува кон куќата на својот љубовник Сем Лумис (Џон Гавин) во Фервеил, Калифорнија сакајќи да му помогне во финансиските проблеми наследени од татко му и од бракот, како и во бизнисот.

4. Шесто сетило

Шесто сетило (англиски: The Sixth Sense) е психолошки хорор филм снимен во 1999 година на писателот и режисер М. Најт Шајмалан. Ја раскажува приказната за Кол, изолирано и проблематично момче (Хејли Џоул Осмент) кое тврди дека може да гледа мртви луѓе и да зборува со нив (од овој филм е познатата реплика „Гледам мртви луѓе“) и исто толку проблематичен детски психолог (Брус Вилис) кој се обидува да му помогне.

3. Островот Шатер

Островот Шатер (англиски: Shutter Island) е американски филм (психолошки трилер) од 2010 година, во режија на Мартин Скорсезе. Главните улоги ги толкуваат: Леонардо Ди Каприо, Бен Кингсли, Марк Рафало, Емили Мортимер, Мишел Вилијамс, Патриша Кларксон и Макс фон Сидов. Филмот е снимен според истоимениот роман на Денис Лихејн од 2003 година. Младиот федерален полицаец Теди Дениелс (го игра Ди Каприо) во 1954 година добива задача да го истражи исчезнувањето на една пациентка од психијатриската болница сметена на еден остров во близината на Бостон.

2. Седум

Седум е криминалистички трилер во режија на Дејвид Финчер и напишан од Ендру Кевин Вокер. Тој ја раскажува приказната за Дејвид Милс, детектив кој соработува со пензионираниот Вилијам Сомерсет за да открие сериски убиец кој ги користи седумте смртоносни гревови како мотив во неговите убиства.

1. Кога јагнињата ќе стивнат

Кога јагнињата ќе стивнат (англиски: The silence of the Lambs) е американски филм трилер на Џонатан Дем од 1991, со Џуди Фостер и Ентони Хопкинс во главните улоги. Филмот е снимен според романот на Томас Харис. Во филмот, Кларис Старлинг, младиот агент на ФБИ, е пратена во затворот кај Лектер да го праша за совет како да фатат сериски убиец наречен Бафало Бил, кој киднапира жени и им ја отстранува кожата. Филмот освои пет Оскари, вклучувајќи го Оскарот за најдобар филм.

Сподели на Facebook
пати видено