63-годишниот криминалец Сун Цјан бил осуден за трговија со жени и деца. Тој бил затворен, но успеал да избега од затворот и да се скрие во планините во близина на неговиот некогашен дом. Таму бегалецот се криел цели 17 години, а полицијата не можела да го пронајде.

Но, сега времињата се сменија и полицијата почна да користи дронови, па нема место на планетата каде што криминалците се безбедни.

Дронот „забележал“ сина платформа и корпа за ѓубре во близина на една мала пештера. Полицијата веднаш отишла на местото и пронашле стар човек, кој се испоставило дека е Сун Цјан. Како што изјавија полицајците, неговото тело и ум се „целосно уништени“. Така, трговецот со робови беше вратен во затвор.

Сподели на Facebook
пати видено