Кога Алан Татершал, од Шепартон во Викторија, Австралија, требал да помине 32-часовно патување до Тексас во САД на службено патување, неговата ќерка знаела дека работите можат да станат „гадни“. Но, таа не се грижела за нејзиниот татко, туку за останатите патници, особено оние околу него.
Грејс Смит знае дека кога нејзиниот татко ќе заспие неговото грчење може да предизвика „турбуленции“. Со цел да не им го направи животот пекол на другите патници таа смислила начин како да ги „ублажи“ работите.
Грејс со помош на нејзината 54-годишна маќеа, Рос, направиле 10 пакетчиња кои Алан требал да ги раздаде на патниците кои ќе седат околу него во авионот. Во нив имало две чоколади, чепчиња за уши и рачно напишано писмо со извинување. Во белешката пишувало:
„Здраво. Уживајте во вашето патување денес. Мислевме дека можеби ќе имате потреба од мала помош ако Алан заспие – затоа се надеваме дека овој пакет за нега ќе помогне. Љубов и благослови, Рос и Грејс. П.С. грчењето обично трае само кратко време – додека тој заспива.“
Додека Алан првично се бунел и не сакал да ги земе пакетите, на крајот 62-годишниот бизнисмен решил да прифати.
„Летав од Мелбурн кон Хјустон – тоа е долг долг лет. На патот назад беа околу 32 часа, вклучувајќи и три застанувања, па затоа мислев дека е подобро да ги дадам на луѓето.“, вели тој. Тој вели дека некои луѓе веднаш ги земале пакетите некои само се смееле, но дека се поминало во најдобар ред.