На 29-годишниот Рајан Кенет му било забрането од страна на судот да ѝ се приближува на својата поранешна девојка, поради обвинение за демнење. Но, тој ја прекршил оваа забрана и девојката го пријавила во полиција.

Полицијата на Калифорнија почнала да го бара Рајан, кој е бездомник и претходно им избегал два пати и конечно го пронашле на автопатот 101 во Петалума и тука започнала потерата во „цртан филм“ стил.

Рајан почнал да бега, го преминал автопатот и влегол во лавиринт направен од пченка. По него влегле и полицајците. Сепак лавиритните се прават за да ве збунат зарем не? А тука „тактичноста“ воопшто не им помогнала на полицајците и така тие продолжиле да се бараат и бркаат со бегалецот во наредните 2 часа.

Полицијата преземала драстични мерки. Тие го опколиле лавиринтот, пуштиле неколку полицајци внатре во него, а донеле и мал авион во обид да го најдат Рајан. Откако поминале скоро повеќе од 2 часа и почнало да снемува гориво во леталото, полицајците изгубиле надеж.

Но, еден од нив додека излегувал од лавиринтот забележал дека на излезот има кокошарник. Тој решил да погледне во него и таму го пронашол Рајан. Тадам!

По неговото апсење, Рајан бил однесен во притвор и ќе му се суди за прекршување на забрана за доближување, разубедување на жртва за гонење за кривично дело и спротивставување на апсење.

Сподели на Facebook
пати видено