По шест часа риболов, Ригоберто, Мишел Флорес забележал како нешто се движи во водата стотина метри од Ла Паз заливот, Калифорнија Сур, Мексико. Најпрво тој и неговиот брат, Хорхе Абрахам, мислеле дека е некој човек кој си пливал, но кога се доближиле со својот чамец сфатиле дека станува збор за изморено мало кученце кое едвај ја држи главата над вода.
Тогаш двајцата браќа кои биле на риболов со уште двајца нивни пријатели се упатиле кон кученцето за да го спасат. Откако го спасиле кучето го однеле на ветеринар и потоа му го дале името Вилсон. Се верува дека струите го однеле кученцето подалеку од брегот.