Дејвид Коуан и Сарис Гарсија се познаваат повеќе од една деценија и сега се момче и девојка. Сарис која е во тимот на мажоретки во средното училиште „Лејк Брантли“ во Флорида навивала за време на фудбалски натпревар. Тука нејзиното момче Дејвид решило на романтичен начин да ја праша дали сака да оди со него на матурска. И двајцата и Дејвид и Сарис имаат Даунов синдорм, но тоа ја прави нивната љубов уште попосебна.
Нивните семејства изјавиле: „„Нивната љубов е реална, врската е реална. Сакаме луѓето да знаат дека тие се исти како и другите парови и се вљбуваат и сакаат да имаат исполнет живот. Дауновиот синдром не ги ограничува.“ Секако Сарис прифатила и среќата на лицата на овие млади луѓе скоро не може да се надмине.