Решив да го одучам син ми да буричка во шифоњерот. Му реков дека таму има еден лош чичко. Сега почна да чука по шифоњерот и да прашува „Чичко, уште ли си таму?“ Сега мажот ми треба да се врати од службено патување и не знам како да му објаснам зошто син му разговара со чичкото во шифоњерот.
– – – – – – –
– Беше ли на одмор?
– Ехеее, јас уште лани бев!
– – – – – – –
СМС од синчето средношколец:
– Мамо, ќе учиме цела ноќ и нема да си дојдам дома!
СМС од мама:
– Само не заборавај учебникот да го завиткаш со фолија!
– – – – – – –
Колеги, нашата секретарка роди! Ајде сите да дадеме по 500 денари и плунка за ДНК тест.
– – – – – – –
– Дајте ми 10 ќебапи!
– Господине, ова е Pet Shop!
– Добро, тогаш пет!
– – – – – – –
Многу пијан маж се враќа дома, ѕвони на вратата, жена му отвора, а тој:
– Што гледаш ма, влегувај!!!
– – – – – – –
Рамче отишол на раазговор за работа па го прашуваат:
– Господине, во вашето CV пишува дека сте татко на 9 деца.
Рамче:
– Да, така е!
– А со рачно знаете ли нешто да правите?
– – – – – – –
– Докторе, цела ноќ чукам и на крај се преебав!
– Браво, браво, значи си здрав. Зошто си дошол?
– Да ми го преврзеш прстот, затоа што никој не отвори…
– – – – – – –
На испит на правен факултет:
– Како се нарекува лице, кое му помагало на престапникот за време на извршувањето на делото?
– Соучесник.
– А ако му помага откако е извршен престапот?
– Адвокат.
– – – – – – –
– Комшија, сакам да те предупредам дека мажот ми се враќа за 40 минути!
– Е добро де, јас ништо не правам!
– Баш така, а времето лета!