Мажите се:
1. Како кафето – најдобрите се жешки, јаки и не ти даваат да спиеш цела ноќ.
2. Како агенти за продажба – не треба да им веруваш на ниту еден збор.
3. Како компјутери – тешко можеш да ги разбереш и секогаш имаат проблем со меморијата.
4. Како новороденчиња – на почеток се многу слатки и забавни, но потоа се уморуваш да трчаш по нив и да собираш.
5. Како снегот – не знаеш кога ќе дојде, колку сантиметри ќе биде и колку ќе издржи.
6. Како шминката – никогаш не издржуваат доволно долго.
7. Како времето – не можеш да ги промениш на никаков начин.
8. Како мини сукњи – штом се опуштиш малку и ќе ти ги разголат нозете.
9. Како државни службеници – што и да им речеш да направат, секогаш си наоѓаат нешто поважно, а всушност ништо не прават.
10. Како места за паркирање – убавите се веќе зафатени, а слободните се незгодни и многу мали.
11. Како апчиња – непријатно е да си имаш работа со нив, но се неопходни.
12. Како кучиња – ако не ги дресираш, ќе трчаат низ цела куќа и ќе ти газат насекаде.
13. Како адвокати – за што и да ги обвините, тие ќе си најдат еден тон оправдувања.
14. Како коњите – ако ги храниш добро, може да ги јаваш долги години.
15. Како делфини – сите велат дека се паметни, но сѐ уште никој не го докажал тоа.