Малиот Леон бил како и секоја друга мачка скитник, лутал по улиците и барал остатоци од храна за да преживее. Еден ден влегол во зградата на „Редот на адвокатите на Бразил“ и неговиот живот целосно се сменил. Откако луѓето почнале да се жалат дека мачето кружи околу рецепцијата, адвокатите решиле да постапат на најсоодветен можен начин.
Тие го вработиле мачето како адвокат. Првин Леон бил вработен во „одборот за дочек“, но сега е унапреден во адвокат. Така Леон од улично маче кое залутално на дождот стана почесен вработен во фирма со реноме. Дури и оние кои на почетокот не го сакале сега секојдневно се играат со мачорот.