Британецот Стив Вајтхурст бил на шопинг заедно со неговата партнерка Менди Шентон и неговиот 18-месечн внук. Тој не очекувал дека откако ќе плати 400 евра за нови маици и торба ќе мора да ги доживее најнепријатните моменти од неговиот живот.
Кога сакал да излезе од продавницата менаџерката на продавницата го спречила и почнала да го обвинува дека во пантолоните ставил нешто за да го украде од продавницата.
47-годишниот маж првин мислел дека менаџерката се шегува, но кога дошло обезбедувањето и други членови на персоналот тој веќе станал изреволтиран. Откако половина час се убедувал со нив дека не укал ништо и дека тоа е само неговиот полов орган, од обвинувањата му дошло преку глава.
Тој мислел дека ќе ја замолчи менаџерката ако ги соблече пантолоните и ќе остане само по боксерки и тоа го направил пред сите во продавницата, но наместо извинување менаџерката упорно продолжувала, тој вели: „Менаџерката почна да се расправа со мене таа не прекинуваше. Јас упорно ѝ велев дека тоа е мојот пенис. На крајот ги спуштив пантолоните и стоев пред сите таму само по боксерки и им реков ‘Видете нема што да сокријам’ Но, тоа не ја задоволи. Таа постојано велеше: ‘Каква е таа грутка?’“
Кутриот човек повеќе не знаел што да прави и се понудил да има ја покаже „украдената роба“. Тој заедно со машки член од персоналот отишол во една соблекувална и му го покажал својот полов орган од 25 сантиметри. Тогаш менаџерката конечно била „убедена“ дека човекот не се обидува да ги ограби. Стив вели дека никогаш повеќе нема да се врати во истата продавница.