Властите во украина го испитуваат случајот за 24-годишно момче кое се оженило со својата 81-годишна роднина со инвалидитет, за да го избегне задолжителниот воен рок. Александар Кондратук изјавил дека „развил силна љубов“ кон неговата братучедка, која е 57 години постара од него и негира дека тоа го направил за да не оди во војска.

Воената служба во моментот е задолжителна во Украина, иако постојат исклучоци, како на пример, да се грижите за сопруга која има инвалидитет.

На прашањето на новинарите во врска со бракот, 81-годишната Зинаида Иларијовна, наводно, инсистирала на тоа дека Александар е „добар сопруг“ кој внимателно се грижел за неа. Сепак, соседите тврделе дека 24-годишникот никогаш не бил виден во околината. Еден жител им кажал на новинарите дека епоголема веројатноста жената да ја посетат нејзините внуци, отколку нејзиниот „сопруг“.

Соседите, исто така, додале дека 81-годишната жена живее сама, а единствениот видлив знак за брак е сертификатот што Александар го носел со себе секој пат кога службениците се појавувале во областа да подготвуваат нови регрути. Покажувајќи го својот сертификат за брак и сертификатот за инвалидност на Зинаида, тој можел да избегне регрутација.

И покрај неговиот скептицизам, комесарот Александар Даниилук – кој е надлежен за Комесаријатот Виница, кој се справува со регрутирање во регионот – потврди дека 24-годишниот имал право да ги одложи своите обврски бидејќи се грижи за лице со инвалидитет.

Бидејќи Александар има сертификат за брак и доказ за живеење, законски не постои ништо што може да се стори. Сепак, експертите велат дека армијата би можела да ги повика соседите како сведоци ако има основано сомнение дека тој живеел на адресата.

Роман Корхенјук, адвокат, вели: „Ако докажат дека не постои важечки брак и дека нема заедничко домаќинство, тогаш тој може да биде повикан да извршува воена служба“. Сепак, армиските службеници велат дека немаат интерес да ја следат работата бидејќи немаат време за „такви работи“.

Сподели на Facebook
пати видено