Жените во едно мало место кога оделе на исповед кај попот, за онаа работа со друг маж користеле шифра „паднав од мостот“. Попот ги ислушувал и со разбирање им ги проштевал гревовите.
Добро, но тој поп починал и на негово место дошол еден млад, кој не ги знаел локалните термини. Жените продолжиле да си одат на исповед и да му се жалат на попот дека „паѓале од мостот“, а тој им велел дека тоа не е голем грев.
Еден ден му дошло преку глава и отишол кај градоначалникот:
– Градоначалниче, дај бе поправете го тој мостот, жените нон стоп паѓаат од него!
Градоначалникот знаел што значи фразата па не можел да се воздржи и почнал да се смее на глас. Попчето му рекло:
– Смеј се смеј, само твојата жена 3 пати падна од мостот оваа недела!