Ништо не ја намалува „болката“ од 8-часовна смена како разговорот и шегите со пријателот кој работи со вас. Но, иако дружбата со пријателот може да ви ја олеснува работата и да ви го крева моралот, новите истражувања откриле дека работењето со вашите пријатели има лош ефект врз продуктивноста (шок!).

Д-р Сангјун Парк, асистент професор по економија на Универзитетот во Хонг Конг, решил да открие дали дружењето со вашите пријатели, им помага или го спречува нивото на продуктивност на луѓето.

Неговото истражување се одвивало во фабриката за преработка на морска храна во Виетнам. Д-р Парк конкретно погледна во групата работници кои полнат риби, земајќи предвид кои се пријатели со кого, како и колку биле пријателски расположени надвор од работното време.

High Five The Office GIF - Find & Share on GIPHY

Фабриката има работни станици каде четири лица ќе ги извршуваат своите улоги едновремено.
Тоа е поставка каде работниците можат да видат како другите работат. Во одредени случаи, тие имаат можност за разговор, но можат да научат и како да ја вршат задачата за обработка од работниците.
Резултатите беа јасни како ден: работниците беа шест проценти помалку продуктивни кога работеа покрај своите пријатели.

Иако, д-р Парк забележа една интересна работа: падот на продуктивноста се случи само кога пријателите беа едни до други, наместо едни наспроти други. Едноставно, тоа е затоа што ќе им биде полесно да се дружат во оваа позиција.

Она што е интересно и ќе им го привлече вниманието и на работниците е што на работниците во фабриката им се плаќа дневна плата, како и цена за килограм риба што ја обработуваат. Овој пад од шест проценти се претвора во пад од четири проценти на нивните дневни плати, рече д-р Парк.

Како и да е, додека работните пријателства не можат да бидат од полза на продуктивноста, тие помагаат за долговечноста – Д-р Парк ги наведе изминатите истражувања кои покажаа дека луѓето кои имаат пријатели на работа остануваат таму подолго, како и учат повеќе вештини на патот.

Бидејќи истражувањето се вршело исклучиво врз жени – само жени се вработени во фабриката за преработка – Д-р Парк размислува дали резултатите од истражувањето би биле поразлични доколку се погледнат машките односи на работното место.

Сподели на Facebook
пати видено