Високата загаденост на воздухот се поврзува со повеќе деца кои страдаат од проблеми со менталното здравје
Кога нивото на загаденост на воздухот е високо, а улиците се гушат, полни со смог, болниците забележуваат пораст кај деца кои страдаат од ментално здравје.
Истражувачите откриле дека деновите на големо загадување на воздухот се проследени со пикови на психијатриските проблеми кај децата. Заедно со ова, тие откриле дека децата кои живеат во неповолни населби се повеќе подложни на ефектите од загадувањето на воздухот, како што се депресија и самоубиствени мисли, во споредба со децата кои живеат во попривилегирани области.
Истражувачи од Медицинскиот центар за детски болести Синсинати први проучувале нивоа на ситни честички (ПМ2.5), ситни загадувачи што се доволно мали за да поминат низ белите дробови и во крвотокот, во надворешниот воздух низ Хамилтон Каунти во Синсинати. Ова потоа било споредено со бројот на посети на одделенија за итни случаи во детска психијатрија, собрани во Синсинати за состојби вклучително и анксиозност, шизофренија, депресија, биполарно растројство, самоубиствени нагони и многу повеќе.
Врската била јасна: Ако имало период на особено тешки загадувања во градот, во болницата имало и повеќе деца со акутни поплаки за ментално здравје во наредните еден до два дена. Особено деца кои живеат во сиромашни и загадени населби.
„Оваа студија е прва што покажа поврзаност помеѓу дневните нивоа на загадување на воздухот на отворено и зголемените симптоми на психијатриски нарушувања, како анксиозност и самоубиство, кај деца“, вели авторот на студијата, Кол Брокамп.
Ова истражување е само една од многуте неодамнешни студии за да се идентификува оваа врска. Една студија од оваа година, беше во можност дури и да укаже на можна врска помеѓу изложеноста на загадување на воздухот со метаболички нарушувања во мозокот и генерализирани симптоми на вознемиреност. Според нивните сознанија, луѓето кои неодамна биле изложени на висока загаденост имале повисоки концентрации на миоинозитол во мозокот – маркер на невроинфламаторен одговор на мозокот на загадување поврзано со сообраќајот.