Кинеските локални жители кои „претходно не биле изложени на црни луѓе“ биле фатени на камера како дрско и без прашање снимаат и фотографираат студент од Боцвана.

Мандла Нкивајн дошол во Кина на додипломски курс по фармација на универзитетот Вајфанг. Тој никогаш претходно не патувал сам, но не очекувал дека вакви работи ќе се случат.

Откако осум години живеел во Бирмингем, 19-годишникот летал за Пекинг, планирајќи да се качи на возот кон Вајфанг на 18 септември. Додека студентот чекал со својот багаж се појавила група на мештани кои почнале да го фотографираат.

Мандла решил да им врати па и тој го извадил телефонот и почнал да ги снима и фотографира нив и овој чуден „културолошки феномен“. Луѓето зјапале во него го снимале и се смееле, а некои и го замолиле да се фотографираат со него. Студентот сфатил дека луѓето ова го прават од чиста љубопитност и немаат лоша намера па му станало интересно.

Но и наредниот ден чудното однесување на Кинезите не престанало. Додека шетал со пријателка од универзитетот исто така Африканка, една жена дошла до неа за да ѝ ги допре плетенките. Друга жена му го дала нејзиното бебе за да ги фотографира заедно.

Мандла вели дека најверојатно сѐ уште ќе го следат вакви слични искуства во Кина.

Сподели на Facebook
пати видено