Дали некогаш сте имале толку лош мамурлак што само сте посакале да се скриете под кебето, да ставите кофа до креветот и да чекаде додека повторно не станете човечко суштество? Да, мамурлакот понекогаш може да биде ужасно искуство, кое доаѓа по „одлична вечер“.

Тука стапуваат на сила и осудувачките погледи на членовите од семејството кои не ве сожалуваат туку велат дека „самите сте си криви“.

Германците сепак решија да стават крај на вината за мамурлакот. Тие донесоа нов закон, кој реално би го сакале граѓаните на секоја држава. Мамурлакот да се смета за болест и да може да се земе боледување за него. Законот дојде по само неколку дена откако започна познатиот Октоберфест.

Судиите во Франкфурт пресудиле дека болестите вклучуваат дури и мали или „привремени нарушувања“ на нормалната состојба на организмот, вклучувајќи ги и симптомите на мамурлакот.

Одлуката доаѓа откако на пазарот биле понудени најразлични „лекови“ за лечење на мамурлакот кои биле штетни за луѓето. Вака на овој начин наместо луѓето да пијат секакви супстанции едноставно ќе можат да останат дома и да го „преживеат“ мамурлакот.

Така Германците ќе можат да испијат страшни количини на пиво на Октоберфест, а потоа своите лоши животни одлуки да ги оправдаат со болест.

Сподели на Facebook
пати видено