Дариус е стаорец кој ѝ припаѓа на студентката по уметност, Амали Маркота Андерсен. 22-годишната студентка од Аским, Норвешка одлучила да го научи стаорецот она што најдобро го знае, да слика. И да, малиот стаорец станал уметник. Тој „сака“ да слика со ножињата така што ги става во боја, а потоа ги пренесува на платно.
Таа вели дека Дариус уште на почетокот не се однесувал како обичен стаорец, тој не сакал да лута и истражува туку постојано седел во нејзиниот скут и барал да се мази. Тој ја започнал својата „ликовна кариера“ во 2018 година, но за жал, бидејќи стаорците немаат долг животен век почина во 2019. Сепак Амали вели дека планира да ги научи и нејзините нови стаорци, Гучи и Манго, исто така да бидат „уметници“.