Шокантно видео го покажува моментот кога едно петгодишно девојче е извлечено за среќа живо од под возот во Њујорк, откако нејзиниот татко скокнал во неговата смрт додека ја држел во раце. Таткото на девојчето, чие име не е објавено, се самоуби во понеделникот наутро околу 8 часот кога скокна пред возот број 4 во Бронкс. Според „Њујорк пост“, 45-годишниот маж ја држел својата мала ќерка за време на инцидентот во станицата „Кингсбриџ Роуд“.
Мажот бил прогласен за мртов од страна на лекарите на лице место. Но, за среќа судбината не дозволила малото девојче да настрада поради грешката на нејзиниот татко. Двајца добри луѓе го вадат девојчето од под возот кој успеал да застане. За среќа двајцата храбри луѓе и малото девојче претрпеле несериозни повреди. Еден од мажите кои помогнале по име Домингез изјавил дека девојчето цело време плачело по својот татко.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!