Беки Крандли постојано добивала жалби од професорите на нејзиниот 12-годишен син дека прави проблеми на часовите.
Нејзиниот син, Харли, уште од минатата година го имал истото однесување, но и покрај преземените мерки тој не покажувал знаци на подобрување. Затоа 30-годишната Беки се одлучила да очаен чекор.
Таа ненајавено влегла на часот по математика на нејзиниот син и седнала до него во клупата. Мајката претходно добила извеснување за 2 инциденти на часот по математика, па се јавила на директорот за да го праша дали може да дојде на некој од следните часови во обид да го смени однесувањето на нејзиниот син и добила дозвола од училиштето.
Мајката на 5 деца вели: „Јас постојано му претев дека ќе дојдам на училиште, а тој се смееше мислејќи дека се шегувам. Тој не знаеше дека ќе дојдам и беше видно посрамотен и професорот пред сите ме претстави како негова мајка. Неговот лице поцрвене и не можам да го споредам со ништо.“
Беки вели дека таа не е строга со нејзините деца, но многу се налутила кога дознала дека нејзиниот најстар син не ги почитува професорките на училиште. Според неа непочитувањето на жените не е нешто за што го „воспитувала“. Таа се надева дека со ваква мерка малку ќе го „освести“ детето.
Што мислите вие за нејзиниот потег?