Бебе, девојче, чии што родители немаат доволно пари за да ѝ купат млеко, повеќе од половина од својот живот се храни со кафе.
Хадија Хаура, на возраст од само 14 месеци, секој ден пие три шишиња кафе со шеќер, околу 1,5 литри дневно.
Индонезиското кафе Kopi Tubruk се прави со зовривање на кафе, со шеќер, што резултира со густ пијалок сличен на турското кафе. Родителите на Хадија, од селото Тоно Лима, во покраината Западен Сулавеси во Индонезија, не се во можност да ѝ обезбедат на својата ќерка соодветна храна.
Анита и нејзиниот сопруг работат на плантажа за кокос и заработуваат 20 000 рупји, или 1,42 американски долари на ден и заработката едвај ги покрива нивните трошоци за живот. Таа консумира кофеин уште од само шест месеци, а нејзините родители тврдат дека останале без избор бидејќи немаат што друго да ѝ дадат.
И покрај ова, девојчето сè уште не претрпело сериозни медицински состојби и се чини дека расте со нормална брзина, според извештаите на локалните медиуми. Сепак, нејзините родители признаваат дека бебето има проблем со спиењето и понекогаш ќе остане во текот на ноќта играјќи се сама.
Официјални лица од агенцијата за здравствена заштита дошле во посета на семејството откако слушнале за нивниот проблем и сега редовно доставуваат млеко и колачиња и ги замолуваат да престанат да ѝ даваат кафе на Хадија, затоа што тоа може да остави повеќе штетни последици.