Историски мозаик што го прикажува Исус како ги храни 5.000 е откриен во античкиот град во близина на Галилејското Море.
Мозаикот, за кој се верува дека датира од 1.500 години, ги воодушевил археолозите кои цело лето го поминале пребарувајќи ја областа за историски докази.
Таканаречената Изгорена црква во Хипос, северен Израел, била уништена од пожар во 700 н.е, но мозаикот со кој била поплочена оттогаш е неверојатно добро зачуван од густ слој на пепел. Хипос, кој е во срцето на Светата земја, гледа кон Галилејското Море, каде некогаш било местото на грчко-римскиот град.
Сценографијата прикажана на мозаикот изгледа дека поддржува едно од чудата наведени во Новиот Завет, во кое Исус користел само пет леба и две риби за да нахрани 5000 луѓе што се собрале на бреговите на водата. Тим од Универзитетот во Хаифа ја пронајде Изгорената црква во 2005 година, но откопувањата почнаа дури оваа лето.
„Сигурно може да има различни објаснувања за описите на лебови и риби во мозаикот, но не можете да ја игнорирате сличноста со описот во Новиот Завет. На пример, од фактот дека Новиот Завет има опис на пет леба во корпа или двете риби, кои што ги наоѓаме во мозаикот.“, вели главниот архитеолог, д-р Мајкл Ајзенбург.
Хипос бил напуштен во 600 н.е, кога земјотрес го уништил градот, кој се наоѓа на врвот на еден рид.