Вработените во фирмите имаат вечен проблем со храната во фрижидерот, постојано недостасуваат работи, некои се расипуваат, некои ги забораваат и слично.
Реално луѓето понекогаш можат да бидат грозни кога станува збор за хигиената во фрижидерот. Но, овој пат не станува збор за нешто што недостасува или што е уништено, станува збор за нешто „истрајно“.
Вработените во една компанија во Филаделфија решиле да си направат фотосесија со кантичката урда од фрижидерот. Ова што е толку посебно за оваа урда е што таа веќе 7 години се наоѓа во фрижидерот на нивното работно место и никој не се осмелил ниту да ја допре, ниту пак да му текне да ја фрли.
Всушност жената која е главниот „виновник“ за урдата решила да ја сподели приказната. Јулија признала дека пред 7 години ја купила урдата која има додатен вкус на ананас ја пробала сфатила дека е грозна (мислам очигледно урда и ананас?) и ја фрлила во фрижидерот. Така урдата со ананас си живеела среќно наредните 7 години, додека Јулија не решила да ја прослави годишнината.
Но, ако мислевте дека го фрлиле грешите, Јулија планира да ја отвори и фрли урдата „кога ќе наполни 10 години“ или доколку таа го напушти работното место. А дотогаш вработените се засмејуваат на сметка на заборавената урда.