Не носат сите херои наметки, очигледно, некои од нив доаѓаат облечени во облеката на водоинсталатер. Неодамна водоинсталатер од Барнли, Ланкашир по име Џејмс Андерсон се здоби со заслужено признание за своето херојско дело.
Откако ќерката на една негова клиентка сподели фактура што ја добила, мажот беше прогласен за херој.
Андерсон, 52-годишниот татко на 5 и дедо од 3, бил повикан да го поправи бојлерот на мајката на Кристин Ен Роуландс. Откако жената го прашала колку треба да плати тој ѝ кажал дека ќе ѝ испрати фактура. Откако била испратена по е-пошта, Роуландс ја изненади вкупната фактура која изнесуваше 0 фунти.
Причината за љубезноста на Џејмс е тоа што мајката на Кристин боледува од крајна фаза на смртоносен рак и наместо да им наплати 480 фунти, водоводџијата се откажа од таксата. Но, откако жената го контактирала водоинсталатерот дознала дека ова не е единственото негово хумано дело.
Тој во 2017 година направил фонд за бесплатни поправки за старите и изнемоштени лица, кои се често заборавени од општетсвото.