Пожар не е нешто што се најавува и невозможно е да се биде 100% подготвен за ваков итен случај. И подобро е да знаете кои дејства можат да доведат до фатални последици за да не постапувате неподготвено во паника.
Ова се најголемите грешки кои луѓето ги прават во случај на пожар.
Да го земате здраво за готово пожарот
Не можете да се играте со запалена тава додавајќи алкохол ако не знаете со сигурност тоа да го правите, а собено е погрешно да додавате вода или само да ја кревате тавата. Единствената правилна постапка е да ја исклучите печката и да го покриете пламенот со капак.
Да паничите
Студената глава и трезвената проценка на ситуацијата ќе ви помогнат да се запаметат и следат инструкции за пожар, со цел да се преживее несреќата со најмалку загуба.
Да го ризикувате животот поради предмети
Кога ќе видите голем пожар, мора веднаш да заминете, сè додека има патеки за бегство. Пожарот се шири брзо, и за неколку минути кои ќе ги потрошите за да спасите предмети можете да го изгубите животот. Покрај тоа, во стресна ситуација, можете погрешно да ја процените вашата состојба, па дури и да не ги земате најпотребните предмети.
Неправилна употреба на противпожарен апарат
Не секој ден треба да користиме противпожарен апарат, а многумина никогаш воопшто не го сториле тоа. Млазот треба да се насочи кон изворот на огнот. Кога ќе заврши содржината не го оставајте апаратот во близина на оган, затоа што тоа ќе предзивика уште поголем пожар.
Да гасите електрични уреди со течности
Водата е добар проводник, и ако ја споите со електричен апарат поврзан со напојувањето, може да добиете електричен удар. Само со исклучување на напојувањето, можете да истурете вода на електрични уреди. Во други случаи – наполнете со песок или покријте со крпа. За мали пожари, може да се користи и сода бикарбона – таа содржи натриум бикарбонат, кој е дел од содржината на противпожарни апарати.
Да отворите прозорци и врати
Кислородот е главна храна за пожарот, така што најдобриот чекор е да го блокирате неговото влегување во пожарот. Значи, една од најважните активности е да ги затворите прозорците и вратите во просторијата, што ќе спречи ширење на пламенот надвор од просторијата.
Студиите исто така покажаа дека во затворен простор температурата на пожарот е значително намалена.
Да се заглавите во агол
Особено, не треба да барате засолниште во бањата, оставата, кујна и подрумските простории. Пожарот може да оди таму, но и ќе биде потешко за спасувачите да ве најдат. Се разбира, ако нема излез, тогаш треба да ја пронајдете најбезбедната просторија, да ја затворите вратата и да поставите влажни крпи на отворите.
Да го користите лифтот
Грешка што веројатно ќе стане најопасна. Како по правило, за време на пожар во зградата, електричната енергија е исклучена, лифтот запира. Нема ништо полошо од тоа да се биде во мала, слабо вентилирана просторија без да можете да излезете од неа.
Да ризикувате
Сите овие потези можат да бидат прилично опасни по вашиот живот, затоа ако видите професионалци дозволете им да си ја вршат работата.
Да се мисли дека влажната ткаенина е добра заштита
аглеродниот моноксид што се испушта за време на согорувањето не се смирува и практично не се апсорбира со вода, што значи дека пак ќе го вдишувате. Се разбира, подобро е да дишете преку влажна крпа, особено ако треба да одите преку чад до излезот.
Да се движите исправено
Кога одите во зачадена просторија, се зголемува ризикот од труење со јаглерод моноксид. Чадот се крева, а кислородот се акумулира поблиску до подот, па затоа е подобро да ползите.
Да трчате доколку ви се запали облеката
Ова само уште повеќе ќе го разгори огнот, најдобро е да паднете и да се тркалате.
Да се вратите назад
Набрзина, можете да заборавите да земете работи и документи со вас, сепак, откако веќе го напуштивте пламенот, не можете да се вратите. Со секоја минута, ризикот од колапс или труење со јаглерод моноксид се зголемува; Покрај тоа, поради слабата видливост, не можете да бидете сигурни дека ќе го пронајдете излезот.