Еден човек од Орегон кој двапати го победил ракот, освоил 4,6 милиони долари во државната лотарија. Сту Мекдоналд секоја недела купува билет на Мегабакс и секој пат неговата сопруга му посакува среќа, но оној пат кога заборавила тој победил.
„Јас сум многу среќен човек. Јас двапати преживеав карцином и еве го. Ова е неверојатно.“, вели Сту, кој се пријавил под псевдонимот и сака да остане анонимен.
Тој го купил ливчето на 7-ми септември од Ashley’s Café и тие ќе добијат бонус од еден процент од 46.000 долари. Од кафулето велат дека се воодушевени што џекпотот излегол од кај нив.
Победата на лотарија е веројатно поретка отколку да се победи карцином двапати. Џекпотот на Мега Милиони дава шанси од околу 1 наспрема 300.000.000. Поверојатно е да станете претседател на Соединетите држави. Од 1985 година, играчите на Орегон Лотарија имаат освоено повеќе од 38 милијарди долари во награди.