Младиот рибар, Оскар Лундал од Норвешка се обидувал да улови сина камбала кога од другата страна на јадицата забележал многу чудно морско суштество. 19-годишниот рибар ловел во водите крај брегот на Андоја во Норвешка.
Имал четири куки на една јадица пуштени на 800 метри длабочина во водата, кога почувствувал силно влечење. Му биле потребни 30 минути за да ја извади рибата од водата.
Оскар вели дека тој очекувал „нешто интересно“, но дека овој улов ги надминал и неговите очекувања. Тој вели: „Никогаш не сум видел нешто слично. Само изгледаше чудно, како диносаурус. Не знаев што е тоа, но мојот колега знаеше.“
За чудното суштество се вели дека е риба-стаорец, роднина на ајкулата која датира од пред 300 милиони години. Нивното латинско име Chimaeras Monstrosa Linnaeus е изведено од грчко митско чудовиште со глава на лав и опашка на змеј.
Рибата е многу редок улов за риболовците и живее во многу длабока вода. Големите очи ѝ дозволуваат да гледа во длабочините на океанот.
Лундал тврди дека рибата умрела како резултат на екстремната промена на притисокот со кој се соочила кога била изнесена на површина. Не сакајќи уловот да му биле залуден, тој ја однел дома рибата и ја спржил.