Една 20-годишна студентка најде начин како да дојде до големи пари така што ќе прави едни необични видео снимки.
Лоти Фелоус, која студира сметководство и финансии на Универзитетот во Батх, влегува во разни „улоги“ и понекогаш е докторка, учителка и сѐ што е потребно за нејзините гледачи. И не, не е тоа што мислите, девојката само шепоти.
Таа прави видеа со цел да им помогне на луѓето да заспијат преку автономен сензорски меридијански одговор. Ова е чувство на трнење сензација во главата, вратот, ‘рбетот и понекогаш нозете што ги тера луѓето да се чувствуваат поспано и опуштено.
Тоа може да биде предизвикано од одредени звуци и визуелни слики, а видеата прикажуваат луѓе кои прават едноставни, тивки задачи, како што е виткање накрпи, шепотење, четкање на косата или листање страници од списанија.
Лоти го искусила ова чувство уште на мала возраст, но тогаш не знаела како се нарекува. Минатата година дознала повеќе за него и решила да почне и да го применува. Студентката ја создала страницата во септември 2018 година како хоби за да помогне во нејзиното ментално здравје, иако таа на почетокот се занимавала со тоа само навечер.
Нејзиниот раст на претплатници првично бил бавен, но со текот на времето достигнал над 87.000. Лоти сега има 170 видеа на YouTube, од кои некои имаат над 245.000 прегледи, а откако заработила 50.000 евра за една година нејзиниот приход продолжува да расте.
Лоти вели дека најмногу ѝ пречи што луѓето го сексуализираат нејзините видеа, иако тоа воопшто не е нејзинатата намера и тие служат за сосема други работи.