Да се изгуби најдобриот пријател е тешко. И без разлика дали станува за човечки или пак крзнен пријател, болката сепак постои. Секој што некогаш доживеал ваков вид на кршење на срцето, би дал сè за да си го врати пријателот, но не секој има толку среќа.
Па, освен оваа среќна жена по име Никол Гримс која живее во Пенсилванија. Нејзината приказна направи многу луѓе да веруваат во неверојатните краеви кои ги има во филмовите.
Кога Никол била дете многу сакала да има куче. Конечно кога наполнила 10 години нејзината баба ѝ подарила мешанче од померанец и пудлица. Никол веднаш ја засакала својата нова пријателка и ѝ го дала името Клои. За малото девојче не пстоела сила која можела да ја одвои од нејзиниот миленик, но сепак животот на возрасните функционира поинаку.
Таткото на Клои добил работа на друго место и во таа куќа не смееле да чуваат домашни миленици. Така по 4 години пријателство Никол морала да се откаже од Клои. Кучето било предадено во хуманитарно здружение во Вашингтон, а остатокот можел да биде историја – сè до еден волшебен момент 7 години подоцна.
Кога Никол веќе станала возрасна жена и има свое семејство случајно забележала објава во која стоело дека се подарува постаро куче по име Клои. Нешто во нејзиното срце и велело дека можеби станува збор за нешто невозможно, можеби тоа е нејзината Клои. Иако не била сигурна во тоа решила да го посвои кучето кое толку многу ја потсетувало на нејзиното детство.
Никол не можела да поверува кога сфатила дека Клои се однесува исто како нејзиното куче и постојано ѝ искажувала љубов. Затоа таа решила да ја истражи целата приказна. Првин ја контактирала девојката која барала дом за Клои. Таа ѝ кажала дека ја земала од постар човек кој починал. Но, Никол не застанала тука. Таа го контактирала внукот на починатиот и тој ѝ кажал дека неговиот чичко ја земал Клои од истото здружение во Вашингтон каде што ја оставиле пред 7 години.
За да биде сосема сигурна Никол се јавила на нејзината мајка и ѝ кажала да го најде бројот на чипот на Клои. Откако мајка ѝ го пронашла, Никол ја однела Клои на ветеринар и не можела да поверува во чудото кога сфатила дека броевите се совпаѓаат.
Никол вели дека е пресреќна и е спремна да ѝ ја пружи на Клои сета љубов која ѝ ја должи во изминатите 7 години. Оваа приказна е доказ дека од судбината не се бега.