Целосна „Месечина на жетвата“ ќе се појави во претстојниот петок 13-ти за прв пат по деветнаесет години и ќе изгледа помало од вообичаеното. „Месечина на жетвата“ или полна месечина најблизу до есенската рамноденица во септември, ќе го осветли ноќното небо нс петок 13-ти за прв пат од 13 октомври 2000 година.
Феноменот ќе може да се види и на 14-ти и 15-ти септември. Најдобриот момент да се види месечината ќе зависи од временската зона.
Додека феноменот се јавува само еднаш на две децении, тоа не е единствената причина што годинава „Месечина на жетвата“ е ретка. Оваа година Месечината скоро се совпаѓа со апоге: точката во орбитата на планетата кога е најмногу оддалечена од Земјата на оддалеченост од 404.106 километри. Растојанието ќе ја направи месечината 14 проценти помала и е причината зошто некои ја нарекуваат „Микро Месечина“.
Сите сме запознаени со терминот „месечева жетва“. Ова име ѝ е дадено на полната месечина која се појавува на крајот на септември, почетокот на октомври. Терминот се користи бидејќи таа им ги осветлувала полињата на земјоделците овозможувајќи им да работат во текот на ноќта за време на жетвата.
Всушност, сите полни месечини имаат имиња кои им ги дале американските домородци Алгонквин. Зависно од месецот во кој се појавуваат, тие се: Јануари: Месечина Волк, Февруари: Снежна Месечина, Март: Црвлива Месечина, Април: Розова Месечина, Мај: Цвет Месечина, јуни: Јагода Месечина, Јули: Јарец Месечина, Август: Есетра Месечина, Септември: Месечина на Жетвата, Октомври: Ловец Месечина, Ноември: Дабар Месечина, Декември: Студена Месечина.