Рамон Соса од Хјустој најдобро знае како е да се „спие со непријателот“. 50-годишниот човек имал среќа на случаен начин да дознае дека му се спремна „смртна казна“ од страна на неговата сопруга.
Рамон и неговата сопруга Лулу се договориле да се разведат, но таа не сакала да чека спорот да заврши и решила да го „забрза процесот“.
Марија Лулу му пристапила на човек по име Густаво за да го праша дали може да го организира убиството, но таа не знаела дека всушност Густаво е пријател со Рамон. Тогаш Густаво и Рамон ги здружиле силите. Густаво носел микрофон за време на неговата следна средба со Лулу и го снимил разговорот, пред да ги предаде доказите во полицијата во Хјустон.
За жал, снимката не била доволна, така што полицијата предложила Рамон да се преправа дека е мртов за да може да се фотографира и да ја покажат фотографијата на Лулу. Со поддршка на ФБИ, Тексас Ренџерс му направиле „маска“ на Рамон така што да изгледа како да е застрелан во главата.
„Беше морничаво. Крајно морничаво. Таа фотографија до денес е одраз на една од најтешките работи што сум ги направил во животот. Целата оваа драма за да ѝ докажам на Лулу, мојата сакана, дека сум мртов. Никогаш нема да можам да го разберам тоа лудило. Сè уште се сеќавам на што размислував додека позирав за таа слика, моите деца и моите родители; што ќе помислат секогаш кога ќе ја видат грозната фотографија. На мојата ќерка Миа сѐ уште ѝ е тешко кога ќе ја погледне фотогрфијата. Таа знае дека не е вистинска, но ја потсетува дека навистина би можело да се случи ако Лулу го реализирала планот.“, објаснува Рамон.
Откако ја направиле фотографијата полицаец кој се претставил како убиецот се сретнал со Лулу на паркинг за да ѝ го покаже доказот. Лулу се смеела кога полицаецот ѝ ги покажал фотографиите. Таа дури го прашала дали е навистина мртов или планира да стане.
Потоа полицијата ја уапсила Лулу и таа се изјаснила за виновна за поттикнување на убиство во Окружниот суд во Конро, Тексас. Таа била осудена на 20 години зад решетки.
Сега Рамон држи говори за семејно насилство насочено и кон мажи и кон жени, а особено кон мажите затоа што верува дека најголем дел од нив се срамат да признаат дека се во насилна врска, без разлика дали станува за емоционално или физичко насилство. Тој вели дека ја сакал Лулу, а таа со години му го уништувала животот, за на крајот дури да посака да го убие.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!