Шестгодишната Вивијан Лорд, од Литл Рок, Арканзас, се играла со играчките на нејзиниот брат, кога сфатила дека ниту една од пластичните фигури не личи на неа.
Малото девојче искрено сакало да знае зошто е тоа така и ги прашала своите родители зошто е тоа така, тие ѝ кажале дека така одлучуваат компаниите за играчки, а Вивијан побарала лист и пенкало за да им напише писмо на луѓето од компанијата.
Писмото завршило во рацете на Џеф Имел, сопственик на BMC Toys, кој вели дека никогаш не му пристигнало вакво писмо од дете, иако и порано го прашувале зошто нема жени војници во сетовите. Откако го добил писмото решил да ја реализира идејата на малата Вивијан и ветил дека до почетокот на следната година играчките ќе се најдат во продавниците.
Еве што напишала малата Вивијан:
„Моето име е Вивијан. Играм фудбал. Јас имам 6 години. Зошто вие не правите женски војници пријателката на мајка ми е во војска исто така!! Затоа зошто и вие не ги правите!! Ги видов розевите но тоа не се девојки и војниците во војска не носат розево а некои девојчиња не ни сакаат розе. Затоа ќе ве молам ќе направите ли девојки војници кои изгледаат како жени. Ќе се играм со нив секој ден и моите пријатели исто така! Благодарам. Вивијан.“
6-годишното девојче изјавило дека е „супер среќно“ што нејзиниот сон за жени војниви ќе ѝ се оствари и вели дека ќе се игра со нив секој ден.
Сега работејќи на останатите прототипови, Џеф вели дека е среќен што неговите играчки ќе им помогнат на девојчињата – да бидат херој на нивната приказна. Додавајќи: „Девојките треба да бидат во можност да се поврзат со играчките исто како и момчињата“.
Фигурата ќе биде достапна во четири различни воени пози, вклучувајќи и женски капетан кој држи пиштол и двоглед и женски војник во колена, кој има базука, подготвена за лансирање.