Се појавија четири нови мистериозни џиновски кратери во северна Русија, разгорувајќи ги стравовите дека глобалното затоплување можеби предизвикува ерупции на подземен гас.
Научниците ги забележале новите дупки покрај неколку помали во истата област кадешто беа забележани трите огромни кратери минатата година, на полуостровот Јамал.
Еден од новите кратери кој е опкружен со уште дваесет помали дупки е на само десет километри од голема станица за дистрибуција на гас. Експертите предвидуваат дека можеби има уште триесеттина вакви дупки. Професорот Василиј Богојавленски, заменик директор на Институтот за истражување на нафта и гас во Москва при Руската академија на науките и уметностите побара итна истрага на новиот феномен поради безбедносни причини.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.