Родителите ни се нешто најмило во животот и секој од нас се плаши да не ги изгуби, па макар и кога смртта е неизбежна. Сепак некои луѓе не ги споделуваат истите чувства.
Никој не очекувал дека Алиса Мишел Хатчер, средношколка од гимназија Уматила ќе биде уапсена за нешто толку страшно.
Приказната почнала да се разоткрива кога анонимен сведок видел како Алиса дава голема сума на пари на пријател за да најде платен убиец кој ќе ги убие нејзините родители. 17-годишната девојка од Флорида ја украла дебитната картичка на нејзините родители и ја искористила за да изврши две трансакции.
Едната била 503 долари, а другата 926,40 долари, при што двете исплати им биле дадени на две различни лица. Девојчето барало од двајцата „убијци“ да ѝ ги убијат родителите во „куќа за дрога“.
Таа ѝ признала сѐ на полицијата велејќи дека првите 100 долари биле за кокаин, а останатите 400 ги дала на вториот сведок за да пронајде убиец. Откако убиството не се реализирало таа дала 900 долари на маж, црнец кој требал да го изврши тоа за неа.
Родителите изјавиле дека ќе покренат обвинение против нивната ќерка, која моментално е во притвор.