Кога ѕвездите, режисерите и продуцентите се собраа за овогодинештното доделување на Оскар, беа поздреавени од едно чудно уметничко дело: џиновска Оскар статуа која клечејќи шмрка огромни линии кокаин.
„Целта на ова дело е да го привлече вниманието на скришниот проблем на Холивуд со зависноста од дрога која погодува стотици луѓе во шоу бизнисот и главно се игнорира сѐ додека не почине некоја позната ѕвезда.“, објаснува уличниот уметник Пластичниот Исус кој е автор на статуата.
Натписот на големата статуа гласи „Најдобрата забава на Холивуд“. Статуата е поставена на раскрсницата помеѓу булеварот Холивуд и авенијата Ла Бри во Лос Анџелес.
Оваа статуа е продолжение на минатогодишниот „Оскар“ кој си вбризгува хероин, како коментар на тогаш починатиот Филип Сејмор Хофман.