Кога Сара Мидлтон, од Ешингтон се упатила на релаксирачка прошетка во шумата со своето куче Флоси не можела ниту да замисли какво „вцрвенување на образите“ ќе ја пречека таму.
Многу сопственици на кучиња се нервираат кога нивните миленици ќе најдат старо шише или пак некој друг предмет на патот и ќе го земат во уста, за жал Сара имала ваква, само уште понепријатна ситуација.
На Флоси ѝ се допаднал голем розов вибратор кој го пронашла на земја во шумата. Не е јасно како непогодната играчка се појавила во дивината, но Флоси била апсолутно воодушевена од своето откритие.
За да биде уште поинтересно кучето си трчкало со својата нова играчка уште три километри, додека кутрата Сара на секаков начин се обидувала да го земе вибраторот.
На крајот Сара вели дека буквално морала да се бори со Флоси за да ѝ го извлече вибраторот од устата.