Планирањето на свадбата не е лесно патување, бидејќи има многу работи што не можете да ги контролирате. И Тара Фоли, невеста од Тексас, се нашла во една од овие ситуации.
Неколку месеци пред нејзината свадба дознала дека баба ѝ е сместена во хоспис каде ги чека последните денови и нема да може да дојде на нејзината венчавка. Но, бабата отсекогаш сакала да биде дел од венчавката на Тара, така што девојката пронашла начин како да ја вклучи нејзината мила баба во прославата.
Во својата вирална објава на Фејсбук, Тара откри дека знаела за последната желба на нејзината 102-годишна баба. Нејзината медицинска сестра ја прашала, а таа ѝ одговорила дека најмногу од сѐ на светот сака да присуствува на венчавката на нејзината внука. Но, таа била свесна дека тоа нема да се случи поради нејзината возраст и срцето кое постепено ѝ откажувало.
Па што може да се направи доколку бабата не смее да долета со авион на твојата венчавка? Ја носиш својата сѐ уште недокроена венчаница кај неа и заедно правите срцезатоплувачка фотосесија. Токму ова бил планот на Тара за кој никој во семејството не знаел.
Таа се појавила во хосписот каде што била сместена нејзината баба и на старицата ѝ кажале дека има гостинка. Тара ја чекала облечена во својата венчаница. „Зборовите не можат да објаснат колку значат овие моменти за мене и јас ќе ги негувам до крајот на животот. Нејзината насмевка и нејзината смеа се засекогаш врежани во мојот ум и љубовта меѓу нас ќе живее во моето срце “., вели Тара.
Тара вели дека и двете знаеле дека се гледаат за последен пат. „Ги зграпчи моите образи со рацете, ме погледна директно во очите и рече: ‘Те сакам многу’, а 27 дена подоцна, таа почина.“
Но, приказната не завршува тука. На свадбата, Тара го изненадила семејството со овие срцезатоплувачкила фотографии.
И добро е што таа го сторила пред сите да се нашминкаат. И покрај тоа што бабата веќе починала, таа сепак била таму преку овие фотографии и споделувала сеќавања. Тара сакала да ја оствари нејзината желба, и веруваме дека успеала да го стори тоа.