Чуда се случуваат, а особено кога родителите ќе се најдат во ситуација да ги заштитат животите на своите деца. Но, што доколку и родителот е во незавидна положба?
Некој би кажал дека е невозможно, но некои знаат дека родителската љубов е поголема од сите пречки и инвалидитети.
Откако страшното невреме го разнело покривот од неговиот дом во Абако, Брент Лоу од Бахамите бил принуден да го однесе својот 24-годишен син на безбедност преку водата која достигнала до неговата брада. Синот на г-дин Лоу страда од церебрална парализа и не е во состојба да оди.
49-годишниот Брент, кој во последните 11 години е слеп, го ставил својот возрасен син на раменици и се движел низ поплавените домови барајќи засолниште.
Сеќавајќи се на моментот кога неговиот дом бил уништен од невремето со категирија 5, Брент вели: „Во тоа време врнеше и врнеше силно. Па го подигнав, го фрлив на рамо и кога се повлеков од тремот, предниот трем, водата беше висока до брадата, до брадата. […] Сите моравме да излеземе во водата и на ветрот до куќата на соседот.“
Во моментот кога покривот бил уништен г-дин Лоу се криел во бањата на неговата цементна куќа заедно со неговиот син, неговата снаа, некои роднини и соседи чиј дом веќе бил разурнат. Сè додека не бил принуден да си замине, тој не знаел колку е сериозна поплавата.
„Бев преплашена, не сфаќав дека водата беше толку длабока. Размислував можеби дека е до колена.“, вели Брент. За среќа успеале да дојдат до куќата на соседот и тогаш биле однесени во засолниште. Брент бил префрлен во друг град бидејќи мора да оди на дијализа, три пати во неделата.
Неговиот син е добро, но тој се плаши за неговата постара ќерка, која живее на друг крај од градот и која не може да ја добие поради нефункционалната телефонска мрежа.