Истрагата за случајот откри многу вознемирувачка приказна, која за среќа не заврши фатално за кутрото бебе.
Видеото е снимено на 3 септември во руското село Черемшан со 6000 жители, во република Тартастан. Жената на снимката има 36 години, мажена е и е мајка на 2 деца од 8 и 10 години.
Според осомничената, таа одела по улицата, кога наеднаш почувствувала силна болка. Отишла во густите грмушки, каде што по кратко време го родила бебето. Ја исекла папочната врвца, го ставила детето во торба и го оставила до магацинот на билската продавница. Детето потоа го нашол директорот на продавницата, го пријавил случајот и го предал детето на социјалните служби.
Во тек се генетски, форензички, психолошки и психијатриски испитувања на мајката, по што ќе биде поднесена кривична пријава.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!