Повеќе од 2.000 човечки коски кои им припаѓаат на возрасни и деца беа пронајдени во северозападниот дел на Мексико.
Членови на државната бригада за потрага по исчезнатите лица ја пребарувале депонијата во близина на луксузниот приватен станбен комплекс во Кулиакан, Синалоа, кога наишле на торби со коски и фрагменти од телото на земја, некои од раце, а некои од нозе.
Фрагментите од рацете и нозете им припаѓале на повеќе од 150 луѓе – според експерти за судска медицина, кои велат дека коските се и од возрасни и од деца. Еден од експертите на местото на настанот изјавил: „Не можам да верувам дека се човечки, има премногу. Тие изгледаат како коски кои се користат за да се направи позоле (мексиканско јадење). Но, тие се човечки, ова е страшно, за што би требало да станува збор?“
Ел Универзал извести дека неколку оштетени торби – поради сонцето, водата и животните биле сместени во област која не е достапна со автомобил. Во последните две децении, во Мексико исчезнале 57.861 луѓе – членови на семејството на исчезнатите ја формирале бригадата во 2016 година за да бидат поорганизирани во потрагата.
Друга група за пребарување открила две тела во јама на плажа во пацифичкиот центар на Мазутн. Комплексот каде биле пронајдени коските, Ла Примавера, е „луксузна населба“, таму живеат многу бизнисмени и политичари, а куќите можат да чинат и повеќе од 10 милиони долари.
На ова место со години биле пронаоѓани мртви тела или коски. На патеката што води кон депонијата, можат да се видат неколку крстови во сеќавање на пронајдените трупови.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!