Со емотиконите можат да се искажат многу работи: од една страна, тие помагаат да се искажат скоро какви било чувства без непотребни зборови, од друга страна, се случува да не разбереме каква мисла сакал соговорникот да ни каже со нивна помош.

Едно е јасно: овие необични слики цврсто влегоа во нашите животи. Но, колку добро знаеме што всушност тие значат? Овие 12 емотикони многу од нас сме ги употребиле во контекст кој е далеку од нивната вистинска намена.

Многу корисници погрешно веруваат дека овој емотикон симболизира молитва. Всушност, Јапонците бараат прошка со ваков гест. И според американското толкување, тоа значи „дај ми пет!“

На прв поглед, можеби ќе помислите дека овој емотикон значи бакнеж. Но, тој означува свиркање. Лесно е да се измеша со истите емоции, но со срце во близина, го симболизира бакнежот.

Ова не е само розова панделка, туку симбол на борбата против ракот. Во широка употреба, овој емотикон се користи како симбол на радосни настани.

Овој емотикон не е само „патоказ“ да го наведе соговорникот на погледне надолу туку покажува дека не сме во добро расположение.

Затегната тупаница што укажува на десната страна е знак на почитување на авторитетот или честитки за нешто.

Ова не е репка, како што можеби ќе помислите, туку сладок компир, познат во Јапонија како јакимо.

Овој емотикон го прикажува јапонско јадење, камабоко – ќофтиња со риба со брановидна розова шема. Може да означува и знак за е-пошта – @.

Овој емотикон е позајмен од стриповите. Таму го означува звукот „БАМ!“. За време на преписката, тој навестува дека соговорникот го изгубил трпението или ја преминал границата.

Навикнати сме на тоа што црвениот икс значи забрана. Но, покрај ова, соодветниот емотикон може да симболизира бакнеж во англиската преписка.

Овој емотикон значи маската на Тенгу – демон од јапонската митологија. „Да станеш како Тенгу“ значи да демонстрираш ароганција, самозадоволство и его, така што со помош на ваков емотикон може да го навестите соговорникот дека е арогантен.

Се чини дека овој емотикон симболизира зло, но всушност е токму спротивното. Тој го прикажува јапонскиот огар Намахаге кој штити од злите духови.

Веќе некое време на луѓето не им е јасно за што служи овој емотикон, всушност тој е кратенка за „no good“ (ништо добро).

Сподели на Facebook
пати видено