Рената Неја, секретарка од Колинас до Токантинс во Бразил, имала неколку проблеми со самодовербата откако добила на тежина за време на втората бременост. Сепак, таа најде креативен и опуштен начин да се справи со тоа.
Еден обичен ден, таа одлучила да се фотографира, позирајќи како славна личност и да ја објави на социјалните мрежи. Првично целта ѝ била да види дали диетата на која работи всушност функционира. Но, таа не очекувала дека на овој начин ќе го пивлече вниманието на стотици интернет корисници.
Рената привлече голем број следбеници, меѓу кои и актерката Џована Антонели, која Рената ја обожава и со која се запознала лично. Денес, протагонистката на оваа приказна се смета за среќна во своето тело и се чувствува убаво. Нејзината позитивна енергија ви ја пренесуваме со хумористичните фотографии кои ги прави.