Областа Сан Андрес во провинцијата Пинар дел Рио, Куба, е дел од земјата познат по одгледувањето на тутун. Децата им помагаат на своите родители во работата, а родителите, и покрај сиромаштијата, наоѓаат креативни начини како да им го разубават летото на своите најмили. Ова лето хит беше подвижниот базен.