Во денешно време станува се потешко и потешко да се смисли оригинален начин за запросување. Без разлика дали ќе вклучите пријатели и семејство, ќе излезете со букет од рози или пак балони, или пак ќе се решите за поинтимно запросување, се чини дека сè е веќе направено и вие ќе се повторувате.
Но, еден човек реши да ги надмине сите и да ја „запросува“ својата девојка цел месец откако го купил прстенот без таа да примети и да тоа успеал да го фотографира. 30-годишниот Еди Окоро, од Херфордшир во Англија, купил дијамантски прстен за девојка Кали Рид, пред еден месец, но тој не сакал да избрза со запросувањето.
Наместо тоа, тој се сликал со Кали на различни локации со прстенот во близина. Ова очигледно бил ризичен потег доколку Кали во некој момент го фатела, но сигурни сме дека и тогаш би била воодушевена.
Еди вели дека неговата девојка почнала да се сомнева дека тој сака да ја запроси и токму затоа не сакал тоа да го направи на очигледен начин. По еден месец „криенка“ Еди ја запросил Кали, но вели дека прстенот ѝ го покажал намерно и дека не бил фатен во неговата „игра“.
„Идејата беше да направам што е можно повеќе фотографии во што поопасни моменти, сè додека не го начекам совршениот момент за запросување.“, вели Еди. Сега Кали гордо го носи прстенот, нели сосема свесна за неговото постоење. Еве како изгледал неговиот „предизвик за запросување“: