Мизофобијата, позната и како гермофобија, бацилофобија и бактериофобија, е патолошки страв од загадување и бактерии.
Симптомите вклучуваат опсесија со санитарни услови, потреба да се чисти прекумерно и одвратност кон луѓето кои ги допираат вашите лични работи.
Затоа, кога Ива, од Бугарија, го замолила својот пријател Петар да ѝ ја причува мачката, Петар решил да се забавува во станот и да се поигра со нејзината фобија така што ќе проба да допре сѐ што ќе најде.
„Не можам да кажам дека нејзината гермофобија е до тој степен сериозна. Таа повеќе личност која не става чаши директно на масата, никогш не влегува со чевли во домот и слично. Многу често се шегуваме за ова на нејзината сметка и не ѝ смета.“, вели Петар.
Петар вели дека тој бил мамурен, а морал да стане во 10 наутро за да ги нахрани мачките. Бидејќи му било досадно решил повторно да се пошегува на сметка на неговата пријателка. За среќа Ива ја сфатила шегата.