BoxMaster, еден од најпознатите и најпосакувани производи во портфолиото на KFC, од 03.09.2019 (вторник) е достапен во четирите ресторани на KFC во Македонија, од кои три се наоѓаат во Скопје (City Mall, Ramstore Mall, Point Retail Park) и еден во Тетово (Palma Mall).
Производот доаѓа во специјално, модерно и тренди пакување, кое што го прави лесен за носење и конзумирање, секаде и во секое време. Неодоливата вкусна структура на BoxMaster се состои од: парче крцкаво пилешко филе, „hash brown“, кашкавал, „peper mayo“, ајсберг салата, домати и кисели краставички, сите спакувани во голема вкусна тортиља. BoxMaster ќе биде достапен во две варијанти: пилешко филе подготвено по оригиналниот рецепт на основачот Сандерс, и пикантно Zinger филе. За целосен оброк, ќе може да се избере и BoxMaster Мени кое ќе содржи среден
помфрит и среден пијалок по избор на гостите.
„Особено ни е драго што легендарниот производ на KFC, веќе е достапен во сите наши ресторани во Македонија. Со воведувањето на BoxMaster на нашето мени, сакаме да им овозможиме на нашите гости уникатни производи и целосно ново искуство во нивното конзумирање. BoxMaster го добивате во иновативна кутија на која со отстранување на средишниот дел ќе може да уживате во производ налик на препознатливите КФЦ твистери, но преклопен пошироко и збогатен со повеќе состојки.“ – најави Жаклина Герасимовска, маркетинг менаџер на KFC Македонија.
Лансирањето на BoxMaster, е најава за многуте активности кои ќе следат во текот на септември како резултат на прославување на една година од постоењето на KFC на македонскиот пазар.
„Kако резултат на првиот роденден и успешната приказна на KFC во Македонија, љубителите на оригиналните рецепти со пилешко месо може да очекуваат и многу други новитети и изненадувања во текот на септември. Моментално во сите наши ресторани е активна и кампањата „Дај 5ка“ наменета пред сѐ за сите ученици и средношколци кои ја започнаа школската година, а со лансирањето на BoxMaster, продолжуваме со воведување на најпопуларните производи од KFC.“ – додаде Жаклина Герасимовска.
Со повеќе од 24.000 ресторани во повеќе од 130 земји, KFC претставува втор најголем ланец на ресторани и лидер во подготовка и послужување специјалитети од пилешко месо во светот.