Кога на Фреди Ветерли му била дијагностицирана ретка болест, лекарите им рекле на неговите разочарани родители дека детето е опфатено од рак од носот до колената. Неговата мајка Алис Филипс и таткото Рики Ветерли не знаеле дали нивното 5-годишно момче ќе се спаси.
Но, по интензивно лекување – што вклучувало хирургија, хемотерапија и трансплантација на матични клетки – тој конечно е во ремисија и за прв пат ќе тргне на училиште. На Фреди му бил дијагностициран невробластом, од кој заболуваат само 100 деца во Велика Британија годишно, во август минатата година.
Алис, поранешна медицинска сестра вели: „Тој беше толку здраво дете и ретко беше болен. Потоа, тој започна да се жали дека нозете почнале да го болат, но ние не мислевме дека е нешто сериозно. Никогаш не замислувавме дека може да биде нешто сериозно како рак. Тогаш тој ни кажа дека не сака да оди во забавен парк затоа што нозете го болат. Затоа, го однесовме кај лекар, а потоа во болницата.“
Во локалната амбуланта лекарите откриле дека Фреди има голем тумор во стомакот. Тој бил упатен во болницата Грејт Ормонд Стрит во Лондон каде биле извршени повеќе тестови и биопсии на туморот и му бил дијагностициран невробластом. Потоа веднаш бил подложен на хемотерапија, трансплантација на матични клетки и на кај операција за отстранување на туморот.
„Тој се враќа на фудбалот и повторно има многу повеќе енергија. Тој едвај чека да започне со училиштето следната недела и не можеме да веруваме какво достигнување е тоа. Кога за прв пат ги видовме снимките, не мислевме дека има многу надеж. Тој навистина е наше мало чудо.“, вели неговата мајка.