Замислете да не сте ниту модел, ниту пак фотограф и еден ден да одите по улиците и да го видите вашиот лик насекаде, навистина би ве изненадило зарем не?

Или пак уште поинтересно, вие а живеете на друг крај на светот и вашиот пријател да ви каже дека таму некаде илјадници луѓе го знаат вашиот лик. Токму ова му се случило на еден Британец од Лондон, кој само сакал да си го изеде десертот.

Уште во „далечната“ 2007 пријателот на оваа момче му направил фотографија како се спремна да си ги изеде своите Чурос (шпански крофни) додека биле на фестивал во Регентс Парк Лондон. Пријателот тогаш ја прикаќил фотографијата на интернет и сосема заборавил на неа.

Но, не и Кинезите. Тие ја виделе неговата фотографија и најверојатно помислиле дека неговиот израз на лице е токму тој кој ќе го привлече вниманието на клиентите на нивните штандови за Чурос.

Еден друг пријател на „ѕвездата“ кој живее во Пекинг, Кина случајно забележал познато лице додека чекал на ред за да си купи Чурос. Тогаш тој веднаш го фотографирал својот „познат“ пријател и му ја пратил фотографијата. За да види дали истиот маркетинг важи за сите тој прошетал низ градот на сите локации каде се продава крцкавиот десерт и секако го пронашол својот пријател на сите места.

Кинезите и нивната евтина и едноставна смила за маркетинг, кој знае можеби и некој од вас е ѕвезда во Кина, а не знае за тоа 🙂 .

Сподели на Facebook
пати видено