Индексот „Безбедни градови“ анализира бројни фактори, вклучувајќи криминал, целокупно здравје, квалитет на болниците и ризик од тероризам и го рангираше секој град во зависност од тоа како тие се покажале во секоја област. Австралија повторно се покажа како една од најбезбедните земји со своите градови и покрај неодамнешниот инцидент.
Изненадувачки е тоа што познати туристички места се најдоа подолу на листата, како на пример: Рим е на 30-тото место, Париз на 23-тото, Барселона на 26-то, Каиро на 55-то и слично. Погледнете ги првите 10 градови кои се сметаат за најбезбедни во 2019 година.
10. Мелбурн – Австралија
9. Сеул – Јужна Кореја
8. Копенхаген – Данска
7. Вашингтон – Вашингтон
6. Торонто – Канада
5. Сиднеј – Австралија
4. Амстердам – Холандија
3. Осака – Јапонија
2. Сингапур – Сингапур
1. Токио – Јапонија