Кога ќе се спомне државата Казахстан веднаш ни текнува на Борат, насилните свадби и смешните испади, но излезе дека Казахстан е многу посериозна држава од што мислевме.

Долговите на половина милион жители на Казахстан ќе бидат исплатени од страна на владата во обид да им помогнат на најсиромашните во земјата.

Службените лица ќе потрошат околу 250 милиони долари за отпишување на долгови што се должат на заеми или други заостанати долгови. Тоа доаѓа откако претседателот Касим-Жомарт Токаев потпиша претседателски указ на 26 јуни со кој ќе се „намали долгот на граѓаните на Република Казахстан“.

За да се квалификуваат долговите мора да не бидат поголеми од 7.000 евра. Државата ќе го врати долгот, а и каматата до максимум 700 евра. Владината програма е насочена кон сирачиња, големи семејства и лица со посебни потреби или ранливи семејства кои добиваат помош заради загуба на член во семејството.

Претседателот предупреди дека станува збор за еднократна акција. Заменик-министерот за труд и социјална заштита на Казахстан, Светлана Жакупова, рече дека државата ќе користи буџетски средства за да ги врати долговите.

Казахстан е една од  најпрогресивните земји во централна Азија и е на 57-то место од 144 држави на ранг-листата за глобална конкурентност на Светскиот економски форум – пред Јужна Африка, Бразил и Турција.

Сподели на Facebook
пати видено