Бебе делфин, старо само 9 дена било приморано да настапува заедно со возрасните делфини во Делфинариум во Варна, Бугарија.

Животното починало пред публиката и арената веднаш била испразнета, откако и останатите делфини престанале да изведуваат трикови.

Иако останува нејасно зошто починало бебето делфинот, критичарите посочуваат дека се виновни условите на делфинариумот. И покрај својата млада возраст бебето делфин настапувало со возрасните и тоа четири пати на ден. Според Јавор Гечев, од организацијата за заштита на животните „Четири шепи“ 5 делфини и една фока починале во изминатите пет години во Делфинариумот.

Постојат повеќе обвинувања од јавноста дека условите во паркот не се ни приближно соодветни за животните, така што тие не преживуваат таму, туку само се мачат. Од самиот Делфинариум изјавиле дека малото делфинче наводно не починало пред очите на публиката и дека не било старо само 9 дена. Се очекува понатамошната истрага да донесе повеќе информации.

Сподели на Facebook
пати видено